Уште еден проблем за Алегри – се повреди и Киеза

Масимилијано Алегри има се поголеми главоболки околу изборот на напаѓачи за утрешното градско дерби со Торино, тренерот на Јувентус веќе остана без услугите на Душан Влаховиќ, а на вчерашниот тренинг на болка во мускулот се пожали и Федерико Киеза.

Крилниот офанзивец беше најавен како сигурен стартер крај Кеан, но повредата сериозно ги нарушува плановите на Алегри за утрешниот натпревар. Деталните прегледи не покажале посериозен проблем, но во Јуве стравуваат дека ризикот е преголем, Киеза е докажан како играч склон на повреди, па влошување на состојбата може да доведе до негово долго отсуство од терените, како што тоа беше случај во голем дел од ланската сезона.

Поради ова, Киеза дефинитивно нема да биде стартер на дуелот со Торино, а Алегри нема да ризикува ако резултатот оди во полза на Јуве, па италијанскиот репрезентативец воопшто не би влегувал во игра доколку тоа не е апсолутно неопходно за „старата дама“.

Се вчитува...