ЕКИПА во Рим,
Никола Станикевски
Италијанската репрезентација ги продолжува подготовките за петочниот квалификациски дуел со Македонија во Рим, а денешниот тренинг донесе и нов проблем за селекторот на „аѕурите“, Лучијано Спалети.
Имено, одбранбената линија Батони – Ачерби – Дармијан – Димарко од Интер беше најавена како сигурна за старт на дуелот со Македонија, но Спалети е принуден да ги менува плановите откако Бастони се пожали на болка во мускулот и мораше предвреме да се упати кон соблекувалната.
Деталните прегледи ќе покажат колку време Бастони ќе отсуствува од терените, но речиси невозможно е тој да се појави во италијанскиот состав на мечот со нашата национална селекција.
Најголеми шанси за негов наследник во стартните единаесетмина му се даваат на Федерико Гати од Јувентус, акос е знае дека и Џорџо Скалвани од Аталанта, кој вообичаено добива шанса во одбраната, се мачи со повреда на грбот.
Покрај Бастони, денеска изолирано од остатокот од тимот тренираа Кеан од Јувентус и Кристанте од Рома, кои речиси сигурно нема да настапат в петок против Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА