Португалскиот ас Кристијано Роналдо продолжи да урива рекорди во Лигата на шампионите. Напаѓачот на Јувентус дојде до историско постигнување од 100 победи во елитното европско клупско натпреварување.
Јувентус синоќа во Торино ја совлада Валенсија со 1-0, со голот на Марио Манџукиќ, а асистент беше токму Роналдо. Тој досега ја има освоено ЛШ со Манчестер јунајтед и со Реал Мадрид, а се надева дека тоа ќе го стори и со италијанскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА