Уште еден репрезентативец ќе бара нов клуб летово

Македонската репрезентација пред септемвриските квалификации ќе треба да се соочи со Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство. Повеќемината играчи кои се очекува да се најдат на списокот летово најдоа нови клубови, а некои од нив се слободни агенти.

На списокот на „слободни“ се приклучи и Стефан Ашковски, кој не е повеќе дел од Етникос Ахна, и летово ќе бара нова средина. Ашковски после само шест месеци го напушта кипарскиот тим и ќе бара нова средина, откако во минатото помина низ неколку клубови, меѓу кои Шанлирфаспор, Алашкерт, Ламија, Сепси, Ботошани, беше и во Славија Софија, Горник Лечна, претходно во Фортуна Ситард, Ерчијеспор, а додека беше дел од Партизан во три години смени неколку клубови на позајмица, меѓу кои Доњи Срем, Напредак Крушевац, Стромгодсет, Шкендија и Нови Пазар.

За репрезентацијата Ашковски одигра 37 натпревари. Покрај него, без клубови во моментов се и Александар Трајковски, Давид Тошевски, Давид Бабунски, Давор здравковски, а нови клубови треба да најдат и Дарко Чурлинов и Никола Серафимов.

Клубовите ова лето ги променија Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Андреј Стојчевски, Езѓан Алиоски, Енис Барди, Агон Елези, Тихомир Костадинов, Јани Атанасов, Димитар Митровски, Бехар Фета, Игор Алексовски.

Се вчитува...