Уште еден шок во Монте Карло: Елиминиран и Зверев

Италијанскиот тенисер Матео Беретини го совлада Александар Зверев во второто коло на Мастерсот во Монте Карло.

Матео Беретини му „приреди шок“ на вториот тенисер во светот Александар Зверев победувајќи во три сета.

Бертини го победи германскиот ас со 2-6, 6-3, 7-5, за нешто повеќе од два часа игра.

Во следното коло Италијанецот ќе игра со подобриот од мечот меѓу Лехечко и Муцети.

Се вчитува...