Натпреварувачката традиција во семејството Шумахер продолжува и во втората генерација. Михаел Шумахер е седумкратен шампион, а своевремено на патеката во Формула 1 беше и неговиот брат Ралф. Сега кон најелитното автомобилско натпреварување чекорат и нивните деца. Синот на Михаел, Мик Шумахер (18) се натпреварува во Формула 3, а викендов на патеката Спа во Белгија за прв пат седна и во Ф1 болидот на својот татко во одбележување на неговата прва победа на оваа патека.
А, семејната традиција во автомотоспортот ја продолжува и 15-годишниот Давид Шумахер, син на Ралф и внук на Михаел Шумахер. Сега тој се натпреварува во германската ДКМ картинг серија, но од следната сезона ќе го следи патот на Мик и ќе продолжи во Формула 4. Давид очекувано ќе се приклучи во тимот на УС Рејсинг во кој дел од управата е и неговиот татко Ралф.
Во својата десетгодишна Ф1 кариера Ралф Шумахер смени три тима со кои запиша шест победи и имаше 27 подиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА