Швајцарскиот репрезентативен напаѓач Марио Гаврановиќ, решил на 33 години да ја заврши фудбалската кариера, пренесуваат швајцарските медиуми. Одличниот напаѓач има искуство со играње во Швајцарија, во Германија, а играше и во Хрватска и во Турција.
Гаврановиќ играше за швајцарските Тицино, Ивердон, Лугано, Ксамакс и Цирих, а потоа замина во Бундеслигата, настапувајќи за Мајнц и за Шалке. Во 2016 година се сели во Риејка, каде што на 80 меча постигна 40 голови, а потоа отиде во Динамо Загреб.
За Швајцарија одигра 41 натпревар, и постигна 16 голови. Во 2021 година од Динамо замина во турски Кајзериспор.
Претходно кариерата ја заврши и неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Адмир Мехмеди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

