После дербито против Вардар, во Битола се подготвува нов спектакл. Дуелот против Шкендија кој е на програмата на 24 ноември, ќе се игра повторно под рефлектори.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „Петар Милошевски“ со почеток во 17:00 часот во вечерен термин.
Дербито Пелистер – Вардар беше историски првиот меч кој во Битола се одигра под рефлектори. Тогаш Пелистер славеше триумф со 1-0 со голот на Мирко Ивановски во последните моменти од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА