Уште еден срамотен податок за Лукаку: Само еднаш ја допрел топката во првото полувреме

Ромело Лукаку и натаму е мета на критики од навивачите на Челси. Откако се врати во Лондон, Белгиецот не е оној играч кој „растураше“ во Интер. Покрај контроверзното интервју, против него одат и бројките, особено на денешниот меч со Кристал Палас.

Тој два пати ја допрел топката во текот на првиот дел, од кои еднаш било кога извел од центарот. Тоа значи дека само еднаш бил во контакт со топката за едно полувреме.

Тоа е поразителен показател за Белгиецот, за кого беа платени 90 милиони евра, но и натаму ништо не прикажува по враќањето од Челси.

Се вчитува...