Фудбалскиот репрезентативец на Србија, Филип Костиќ постигнал усмен договор со италијанскиот гигант Јувентус, пренесува „Газета дело спорт“. Италијанскиот лист наведе дека трансферот мора да почека, затоа што во Торино се чека исходот од преговорите со Анхел ди Марија.
Костиќ влезе во последната година од договорот со Ајнтрахт. Во Јувентус би му се приклучил на неговиот соиграч од репрезентацијата, Душан Влаховиќ.
Костиќ минатото лето беше пред потпис со Лацио, но на крајот пропадна поради недоразбирање меѓу двата клуба.
Јувентус исто така работи на уште еден трансфер, односно на трампа меѓу Мората и Кин. Мората е дел од Атлетико, а подготвен е да го испрати Мојс Кин во Мадрид, за да го задржи шпанскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА