Уште еден Србин со потпис за Пелистер

Управата на Пелистер продолжува со засилувањата на играчкиот кадар, а битолчани го задржаа и трендот за ангажман на нови играчи од нашиот северен сосед.

Ѓорѓе Белиќ денеска го стави потписот на едногодишниот договор со „зелено-белите“, со што стана четврти српски фудбалер што летеово потпишува  за „пелистерци“. Овој 27-годишен фудбалер настапува во средниот ред и пристигнува од српски Вождовац, а претходно ги има брането боите на Мачва, Дрина, Лозница и на Дубочица.

Белиќ е шесто засилување на Пелистер ова лето, откако битолчани претходно потпишаа договори и со Спировски, Ристиќ, Ристовски, Здравковиќ и со Булатовиќ.

Се вчитува...