Црвена Звезда направи сериозен ремонт во играчкиот кадар летово во кој цехот го плаќаат српските кошаркари кои еден по еден го напуштаат клубот.
Нога повлече долгогодишниот капитен Бранко Лазиќ, по него раскинат беше договорот и со Лука Митровиќ, за денеска да биде официјализирана и разделбата со Немања Недовиќ.
„Немања Недовиќ два пати го носеше дресот на Црвена Звезда, од 2008 до 2012 и од 2022 година кога се врати во својот клуб и во овој период одигра 315 натпревар и постигна 3042 поени. Со Црвена Звезда освои шест трофеи: АБА-лигата, три пехари во Купот на Србија и два во шампионатот на Србија. Дете на Звезда, кое секогаш ќе биде дел од големата Црвена Звезда. Недо, ти благодариме на се“, објави српскиот шампион.
Останува да се види каде Недовиќ ќе ја продолжи кариерата, откако Макаби пред еден месец покажа сериозен интерес да го доведе во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

