Супер натпревар во четвртфиналето на Светското првенство 2022 во Катар играат европските фудбалски титани, Франција и Англија.
Французите, по израмнувањето на Хари Кејн од пенал, дојдоа до водство од 2-1 со голот на Жиру во 78. минута.
Жиру, на тој начин, стана единствен фудбалер кој постигнал повеќе од четири гола на светско првенство а е постар од 36 години, по Роџер Мила.
Но, по само три минути игра нов пенал за Англија, по ВАР-реакција. Сепак, во 84. минута Кејн успеа да го промаши целиот гол не успевајќи да донесе ново израмнување за својата селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА