Фудбалерот на Нотингем Форест, Тајво Авонији ќе отсуствува од терените неколку месеци, откако му беа оперирани препоните, рече денеска тренерот на екипата Стив Купер.
Авонији има проблеми со препоните од октомври, а повредата се влоши по настапот за селекцијата на Нигерија против Лесото во квалификациите за 2026 година.
„Ќе биде отсутен неколку месеци. Ќе го поддржиме и ќе се обидеме да го вратиме во форма што побрзо. Ова е несреќна околност и голем удар за нас“, рече Купер.
Нигерија на натпреварот одигра само 1-1. Најверојатно оваа селекција ќе остане без Авонији за Купот н африканските Нации кој се игра од 13 јунуари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА