Уште еден удар за Арсенал: Габриел ја заврши сезоната

Арсенал доживеа нов удар за своите амбиции, откако беа потврдени песимистичките предвидувања за состојбата на дефанзивецот Габриел Магаљаеш. На стоперот ќе му биде потребна операција и ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната. Бразилецот во вторникот заработи повреда на лондонското дерби со Фулам и беше принуден да биде заменет во 16. минута.

Повредата на Магаљаеш е уште еден проблем оваа сезона за менаџерот Микел Артета, кој ќе мора да се справи со останувањето без уште еден клучен играч, вклучително и на натпреварите од Лигата на шампионите со Реал Мадрид. Бразилскиот централен дефанзивец беше редовен стартер за „топчиите“, а дефанзивецот досега одигра 42 натпревари оваа сезона, постигна 5 гола и имаше 3 асистенции.

„Откако беше заменет за време на натпреварот против Фулам во вторник, можеме да потврдиме дека Габриел заработи повреда на тетивата која бара операција. Габи ќе биде подложен на хируршка процедура за поправка на тетивата во наредните денови и веднаш ќе ја започне својата програма за опоравување и рехабилитација, со цел да биде подготвен за почетокот на следната сезона“, велат од Арсенал.

Поради повреди, Арсенал не може да смета ниту на Каи Хаверц и Габриел Жесус до крајот на сезоната, а Букајо Сака штотуку се врати на терените.

Се вчитува...