Уште еден „удар“ за Зорман пред почетокот на ЕП

Многу проблеми има ракометната репрезентација на Словенија пред почетокот на ЕП кое се одржува во Скандинавија овој месец, и на кое учествува и Македонија.

Селекторот Урош Зорман мораше да го повикува Урош Кнавс на подготовките на ракометната селекција за Европското првенство, а причината за такво нешто е повредата на Сташ Јовичиќ.

Јовичиќ почвуствувал болка во тетивата за време на еден од последните тренинзи, и нема да биде на располагање на стручниот штаб.

На Словенија на ова Европско првенство ќе недостасуваат неколку клучни ракометари, меѓу кои Миха Зарабец, Матица Грошља, Тадеј Кљун, Митја Јанца, Јаки Малус, Борут Мачковшек, Блаѓ Бчлаготиншек и Нејц Цехте.

Се вчитува...