Уште еден важен потпис во Вардар: Тодоровски ја продолжи верноста со „црвено-црните“

Играчот од средниот ред на Вардар, Димитар Тодоровски се обврза на нова верност кон лидерот на табелата во ПМФЛ на уште 2,5 години. Тодоровски денеска го стави потписот на новиот договор, со кој се обврза да остане во Вардар до јуни 2028 година.

Тодоровски дојде во Вардар од АП Брера во јануари минатата година и се наметна како еден од најдобрите вардарови фудбалери, и имаше придонес во освојувањето на Купот на Македонија, како и епитетот есенски првак од оваа сезона.

„Задоволни од прикажаното во досегашните настапи, начинот на работа, дисциплината, упорноста, желбата за успех на овој млад играч, ФК Вардар АД гледа блескава иднина на Димитар Тодоровски во црвено-црното семејство. На заедничко задоволство извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, и играчот за врска Димитар Тодоровски, потпишаа договор до јуни 2028 година“, објави Вардар на својата официјална веб-страница.

Претходно за ист период, Вардар ги продолжи договорите со Диего Кастањеда и Михаил Маневски.

Се вчитува...