Уште еден великан кажува збогум: Абало оди во ракометна пензија

Француската ракометна легенда Лук Абало најави крај на кариерата, а фантастичниот крилен ракометар својот последен меч ќе го игра на 25 февруари.

Абало на 38-годишна возраст настапува во Јапонија, бранејќи ги боите на Зекстар Токио. Токму јапонскиот клуб ја објави информацијата за неговото ракометно пензионирањеј, обелоденувајќи дека на последниот домашен меч на Зекстар ќе биде организирана и проштална церемонија за Абало.

Лук Абало беше еден од членовите на златната француска генерација со по три освоени светски и три олимписки златни медали. Тој во кариерата на клупски план настапуваше и за Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, ПСЖ, а последен европски клуб му беше норвешкиот првак Елверум.

Се вчитува...