ЕКИПА во Вараждин
Стеван Цаневски
Почетокот на главната фаза носи големи возбудувања во Вараждин, па по денешното реми на Македонија и Австрија супердраматично беше и на пресметката меѓу Холандија и Катар, што европската селекција го доби со минимални 38-37. Двете селекции одиграа фантастичен напад, голманите немаа свој ден и на двете страни, а на крајот мечот беше решен со шутот на Ферстајнен, кој од девет метри со звукот на сирената му донесе триумф на својот национален тим.
Веселин Вујовиќ има за што да жали ако се знае дека Катарците беа подобар ривал во првото полувреме, имаа и предност од 19-17, но не успеаја да го издржат темпото во вторите 30 минути. Дани Бајенс беше незапирлив во нападот на „лалињата“ постигнувајќи важни голови во серија, а Холандија успеа да се снајде во завршницата иако беше без најдобриот стрелец на овој шампионат, крилото Тен Фелде доби црвен картон за прекршок врз десното крило на Катар кое притоа заработи и незгодна повреда на скочниот зглоб.
„Лалињата“ имаа „плус еден“ и напад на една минута до крајот, направија пробивање, па Катар успеа да стигне до израмнување. Катарците го издржаа последниот налет, Холандија имаше уште три секунди за завршување на нападот и максимално ги искористи, па со „проектилот“ на Ферстајнен стигна до победа со која остана во игра за едно од првите две места во групата.
Бајенс со девет гола беше главна фигура во холандскиот состав, по седум постигнаа Тен Фелде и Бајенс, а најефикасни кај Катар беа Марцо со 11 и Марковиќ со осум погодоци.
4 main round games and 2 buzzer beaters so far today!
This time Nils Versteijnen secures the win for the Netherlands! pic.twitter.com/ZzkkrLiAxV
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 21, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

