Фудбалската федерација на Белорусија го раскина договорот со селекторот на репрезентацијата Карлос Алос Ферер. Федерацијата му се заблагодари на Шпанецот, кој беше на чело на Белорусија во последните две години.
Под негово водство, селекцијата одигра 26 меча, и запиша само шест победи, 10 нерешени и 10 порази. Претходно Алос беше селектор на Руанда и на младинската селекција на Казахстан.
Во неодамнешните квалификации за пласман на Светското првенство, Белорусија ја заврши групата на последното место, без ниту една победа, и со две ремија и четири порази. Тие беа во група со Шкотска, Данска и Грција. Запишаа убедливи порази од Грција (5-1) и од Данска (6-0), но имаа и реми против грчката селекција како и против Данска на гостински терен.
Претходно без селектори останаа селекциите на Македонија и на Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

