Уште една фудбалска жртва: Голманот Танески меѓу починатите во трагедијата во Кочани

Големата трагедија што се случи рано утрово во дискотека во Кочани одзеде уште еден живот на млад и перспективен спортист. Како што јавуваат штипските медиуми, на листата на жртви се наоѓа и 18-годишниот Дамјан Танески, млад голман  кој настапувал за неколку клубови од регионот.

Танески се нашол на кобното место во моментот на несреќата, за жал не успевајќи да излезе како победник во оваа најважна битка, по што неговиот млад живот згасна на само 18 години.

„Во големата трагедија која се случи ноќеска во Кочани, каде се запали дискотека, животот го загуби и 18-годишниот голман Дамјан Танески од Штип. Во оваа огромна трагедија многу млади животи згаснаа, а Танески кој беше голман за жал е еден од нив.

Низ својата млада кариера која доправа требаше да се развива и да го чува голот, настапуваше за Мал Ајакс од Штип, беше во младинските категории на скопски Вардар, потоа беше дел од Брегалница и Кит Го од Пехчево“, информира штипската телвизија МНет.

Се вчитува...