Жељко Обрадовиќ се соочува со проблеми поради отсуствата на кошаркари на Партизан од самиот старт на сезоната, а главоболките се зголемија по последниот дуел со Алба, на кој повреда заработи Урош Трифуновиќ.
Овој кошаркар блесна на последните натпревари на кои отсутен беше капитенот Кевин Пантер, но немаше среќа, па повредата што ја здоби против Алба се покажа како нималку наивна.
„Станува збор за повреда на бутниот мускул, односно кинење на дел од мускулните влакна во овој дел од ногата. Тој ќе мора целосно да мирува, а за десетина дена ќе му бидат извршени нови прегледи, по што ќе може да се даде поконкретна прогноза околу неговиот камбек на терените“, се вели во клупското соопштение на Партизан.
„Црно-белите“ утре ги очекува незгодно гостување во АБА-лигата против Цедевита Олимпија, по што следната седмица во Евролигата ќе му гостуваат на Анадолу Ефес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА