Комичарот Вил Ферел се заљубил во англискиот фудбал, а кога богатите луѓе се заљубуваат така, тие соодветно реагираат. Така направи и Ферел, кој купи голем број акции во Лидс Јунајтед.
Ѕвездата на познатиот филм Елф од 2003 година, Ферел е голем љубител на фудбалот и веќе е еден од косопствениците на МЛС тимот Лос Анџелес. Лидс оваа сезона бара враќање во Премиерлигата, а анонимен извор за британските медиуми потврдил дека Ферел купил акции.
„Тој го сака фудбалот и е особено импресиониран од страста во англискиот фудбал“, вели неименуваниот извор.
Мајкл Б. Џордан, уште еден холивудски актер, стана дел од Бормут во 2022 година, а Рајан Рејнолдс е еден од косопствениците на Врексам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА