Леброн Џејмс, легендарниот американски кошаркар кој доминира на НБА сцената веќе 20 години за прв пат во кариерата влегува во последната година од договорот со еден тим.
Овој потег наиде на бројни шпекулации од тоа дека не е задоволен што во ЛА Лејкерс е доведен Лука Дончиќ па се до можното заминување од клубот и преселба во Кливленд, Мајами, Далас, ЛА Клиперс и Голден Стејт, но постои и поверојатна опција по крајот на сезоната да ја заврши кариерата.
Тоа го најави и неговиот агент Рич Пол кој имаше интересна изјава велејќи дека не се водат преговори за нов договор бидејќи не се ни бараат истите што дополнително дава дознаење дека 40-годишникот конечно би можел да ги „закачи патиките“ на преуспешната кариера во која освои четири шампионски прстени и постави нов рекорд по бројот на постигнати поени во историјата на најсилното кошаркарско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

