Вардар е побогат за уште една легенда во клупските простории. Илија Најдоски се врати во клубот по цели 29 години и во иднина ќе ја извршува функцијата на технички директор. Треба да биде одличен тандем со Дарко Панчев, кој ја има улогата на спортски директор на „црвбено-црните“.
„Мило ми е што после 29 години пак се враќам во Вардар и тоа во овој историски момент. Се надевам дека ќе имам добра соработка со фудбалерите, стручниот штаб, раководството, сопственикот, и дека клубот ќе бележи добри резултати и во иднина. Се надевам дека со моето искуство ќе помогнам Вардар да биде уште подобар“, вели Најдоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА