Фудбалската федерација на Уругвај одлучи да му врачи отказ на селекторот Диего Алонсо после елиминацијата од Светското првенство. Уругвај и покрај победата од Гана, беше елиминиран, и тоа благодарение на победата на Јужна Кореја над Португалија во последното коло од групната фаза.
Тоа е уште еден селектор кој ќе се менува по Мундијалот во Катар. Претходно откази или смени добија Тата Мартино од Мексико, на Белгија Роберто Мартинез, а вчера и селекторот на Гана Ото Адо најави заминување.
Најсериозен кандидат за клупата на Уругвај е екс селекторот на Аргентина, Марсело Биелса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА