Како што стојат работите, американскиот кошаркар Кендрик Нан ќе потпише двегодишен договор со Армани Милано и дополнително ќе ја засили надворешната линија на тимот.
Нан е во НБА од 219 година, каде играше за Мајами, Лејкерс и Вашингтон. Поради проблем со коленото не беше опција за клубовите кои го посакуваа летото, но сега е фит и подготвен да ја продолжи кариерата.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милано е многу блиску до договор со Нан, на кого му е понудена двегодишна соработка.
Армани беше поразен од Фенербахче на гости во првото коло од Евролигата, а потоа загуби и од Наполи во домашниот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА