Светското кошаркарско првенство кое изминатото лето се одржа во Јапонија, Индонезија и Филипини не ги собра на исто место сите ѕвезди. Имиња како Никола Јокиќ, Василије Мициќ, Џамал Мари, Бен Симонс, Макси Клебер… не беа дел од своите репрезентации, но очекувањата се комплетно спротивни за престојните Летни олимписи игри кои во 2024 година ќе се одржат во Париз.
Желбата за настап во главниот град на Франција ја изразија колку НБА кошаркари, пред се Србинот Василије Мициќ и Австралијанецот Бен Симонс, а последен кој се приклучи на оваа листа е Ендру Вигинс. НБА шампионот од 2022 година одговори позитивно на прашање дали ќе игра за Канада на следниот голем собир.
„Да, навистина би сакал. Мислам дека ќе имаме добри шанси за медал“, одговори Вигинс.
Канада забележа голем успех и на Светското првенство освојувајќи го бронзениот медал во битката со Соединетите американски држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

