Искусниот српски селектор Синиша Михајловиќ повторно успеа обезбеди победа во борбата со злобната болест. Одлични вести доаѓаат од Италија!
Синиша Михајловиќ е пуштен од болницата „Сант Орсола“ 34 дена откако морал повторно да се лекува бидејќи за жал му се вратила леукемијата.
Угледната „Газета“ пренесува дека Миха се борел како лав, добро реагирал на терапијата и сега ќе му биде дозволено да се врати во Рим каде ќе помине неколку дена со семејството, а потоа ќе се врати на клупата на својот тим!
На следниот меч со Венеција нема да може да биде на клупата на Болоња, но српскиот тренер се надева дека би можел да биде до теренот на натпреварите со Сасуоло и Џенова во последните две кола од сезоната!
Михајловиќ беше хоспитализиран на 29 март, бидејќи на еден од натпреварите повторно ги почувствувал симптомите на болеста, но сега, по анализите кои дадоа одлични резултати, е пуштен повторно дома!
Додека беше сместен во болница, Болоња остана непоразена на шест меча, а играчите дојдоа дури и до болничкиот прозорец да прослават дел од победите со својот тренер! На Михајловиќ првпат му беше дијагностицирана леукемија во 2019 година, а потоа неговата борба траеше многу подолго, а сега изгледа дека повторно е многу блиску до целосно закрепнување!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА