Уште една одлична вест за фановите на Арсенал

Фановите на Арсенал имаат причина да бидат возбудени во пресрет на новата премиерлигашка сезона, „топчиите“ веќе потпишаа неколку врвни засилувања, а згора на тоа успеаја да го задржат во своите редови и најголемиот „бисер“ од младинската школа.

Етан Нванери, кој ланската сезона имаше и низа одлични настапи за првата екипа на Микел Артета, денеска потпиша нов долгогодишен договор со лондонскиот клуб. Актуелниот договор истекуваше за помалку од една година, бројни европски гиганти испратија понуди до Нванери, но англискиот тинејџер сепак реши да остане на „Емирати“ потпишувајќи договор до јуни 2030 година.

„Арсенал е мојот клуб, овој потпис ми значи повеќе од се друго. Ова е мојот дом, клубот каде што израснав и каде што знам дека ќе имам најдобри услови да продолжам да се развивам како играч. Возбуден сум, воедно и среќен што го оставаме сето ова зад нас и отсега ќе се фокусирам само на тренинзите и на натпреварите“, изјави 18-годишниот Нванери.

Се вчитува...