Уште една партија за неверување на Дончиќ, погоди шут од 25 метри, но… (ВИДЕО)

Далас славеше со 131-129 против Орландо во синоќешниот натпревар од НБА лигата, а херој на победничкиот тим повторно беше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ.

Дончиќ запиша 45 поени дополнети и со 15 асистенции и девет скока, а расположен за игра беше и Тим Хардавеј со 36 поени.

Во првото полувреме Далас имаше дури 16 поени заостанување (61-77), но не сакаа така лесно да се предадат. Во последната секунда од првиот дел Дончиќ постигна поени од 25 метри, но на негова жал кошот не беше прифатен затоа што беше по звукот на сирената.

Денвер славеше против Милвоки со 113-107 во исклучително драматичен меч до крајот. Никола Јокиќ го запиша својот 119-ти „трипл-дабл“ во кариерата завршувајќи го мечот со 25 поени, 16 скока и 12 асистенции. Посебно се истакна во последната четвртина која беше и најважна, сега зацврстувајќи се на четвртото место на вечната листа на НБА, за бегство од Леброн Џејмс а итајќи кон третата позиција.

Њујорк никс на крилјата на одличниот Брансон славеа на гости против Шарлот. Брансон мечот го заврши со 32 поени. Одличен меч одиграа и Кливленд и ЛА Клиперс кој на крајот им припадна на домаќините со 118-108 на крилјата на Мичел со 28поени, додека Ален запиша 20 поени. Кај Клиперс не помогна ниту одличниот Леонард со 30 поени, осум скока и три асистенции.

Се вчитува...