Уште една пол-позиција за Луис Хамилтон

Луис Хамилтон ќе тргне од пол-позицијата од уште една трка во Формула 1 шампионатот откако актуелниот првак оствари најдобро време на денешните квалификации на патеката Мугело во Италија.

Разочарувањето од последната трка во Монца дефинитивно е оставено зад големиот ас, кој денеска делуваше импресивно на патеката и стигна до уште една пол-позиција. Во прилог на Британецот беше и драматичната завршница, откако Окон излета од патеката, па со појавувањето на жолтото знаме згаснаа и надежите на ривалите дека во овие квалификации би можеле да остварат подобро време од Хамилтон.

Валтери Ботас ќе стартува од второто место на утрешната трка, а зад двата болиди на Мерцедес ќе се најде тандемот на Ред Бул, Ферстапен – Албон. Леклер оствари петто најдобро време во овие квалификации, повторно далеку подобро од својот тимски колега од Ферари, Себастијан Фетел, кој утрешната трка ќе ја стартува од 14. позиција.

Се вчитува...