Уште една поука: Фудбалот се игра до последниот момент (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младите македонски фудбалери добија убава лекција дека фудбалот се игра до последниот момент. Имаа водство од 3-1 пред самиот крај на квалификацискиот меч против Ерменија, но дозволија противникот да постигне два гола и да израмни на 3-3.

Прокоцкан е триумф, кој ќе беше прв за оваа генерација по повеќе од една година, прв и за новиот селектор Добринко Илиевски.

Овие квалификации одамна отидоа во лоша насока, но очигледно дека Македонија има уште многу лекции за учење…

 

Се вчитува...