Уште една ракометна „бомба“ на трансфер пазарот ова лето. Хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ својата кариера ја продолжува во унгарски Веспрем.
Средниот бек на Динамо Букурешт, ја искористи клаузулата во договорот со романскиот тим според која може да го напушти шампионот на Романија доколку замине и тренерот Чави Пасквал. А, трофејниот Шпанец минатата недела беше претставен во Веспрем, па веднаш по него во унгарскиот тим се сели и Циндриќ кој со Веспрем потпиша двегодишен договор.
Циндриќ со Вардар, Кјелце и Барселона има три титули шампион на Европа, па сега заедно со Пасквал ќе се обидат на Веспрем да му ја донесат европската круна.
Веспрем не го менуваше многу тимот во однос на минатата сезона. По две и пол години клубот го напушти српскиот репрезентативец Лазар Кукиќ. Прво засилување е пивотот Никола Граховац, кој ќе го замени Швеѓанецот Нилсон кој се врати во својата земја. Клубот го напушта и десниот бек, Јахија Омар од Египет кој потпиша за ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА