После Мексико и Белгија, уште една репрезентација остана без селектор по елиминацијата на Мундијалот во Катар, Станува збор за репрезентацијата на Гана која беше елиминирана по вчерашниот пораз од Уругвај, а нејзиниот селектор Ото Адо се повлече од позицијата.
Оставката не е никакво изненадување, со оглед на фактот дека Адо го најави своето повлекување уште пред Мундијалот, односно истакна што и да направи неговата селекција, тој ќе си замине по Светското првенство.
„Што и да направам со Гана на Светското првенство, после него јас ќе си заминам од позицијата, па дури и по некоја случајност ако го освоиме Мундијалот. Јас и мојата фамилија ја гледаме својата иднина во Германија“, рече тогаш Адо, по што вчера се реши да се повлече од функцијата.
Адо работи како тренер во младинските категории на Борусија Дортмунд, и е помошник на Един Терзиќ во таборот на „милионерите“.
Гана вчера загуби од Уругвај, и така беше елиминирана од Катар. На Ганците им требаше победа за да обезбедат пласман во следната фаза, но на крајот триумфот на Јужна Кореја над Бразил им донесе пласман во 1/8 финалето. Гана против Уругвајците на 0-0 промаши пенал, откако Ајев не успеа да го реализира ударот од 11 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА