Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОК) на руската атлетичарка Татјана Лебедева и ги одзеде двата сребрени медали освоени на ОИ 2008 во Пекинг.
Според известувањето од ИОК, со повторените допинг тестови на примероците од Пекинг, утврдено е дека Русинката била позитивна на анаболичкиот стероид „туринабол“ поради што и се одземени олимписките медали во трискок и во скок во далечина.
На Лебедева и остануваат медалите од ОИ 2004 во Атина кога освои „злато“ во скок во далечина, како и „бронза“ во трискок и „среброто“ во трискок од ОИ 2000 во Сиднеј.
ИОК и го одзеде и златниот медал на штафетата на Јамајка 4х100 метри, откако со повторените тестирања беше утврдено дека Неста Картер користел недозволени супстанци. Па покрај него без олимпиското злато и светски рекорд останаа и другите членови на штафетата на Јамајка – Усаин Болт, Мајк Фрејтер и Асафа Пауел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА