Уште една руска тенисерка го промени државјанството

Руската тенисерка Анастасија Потапова објави на своите социјални мрежи дека го променила државјанството. Руската тенисерка објави на својот Инстаграм профил дека ќе ја претставува Австрија во 2026 година.

„Чест ми е да ве известам дека моето барање за австриско државјанство е одобрено од австриската влада. Австрија е земја што ја сакам, неверојатно е гостопримлива и е место каде што се чувствувам како дома. Обожавам да бидам во Виена и со нетрпение очекувам да ја направам мој втор дом. Со гордост објавувам дека од 2026 година ќе ја претставувам мојата нова матична земја Австрија во мојата професионална тениска кариера“, напиша Потапова. 

Се вчитува...