Уште една селекторска смена по квалификациите за ЕВРО 2024

Ирската Фудбалска Асоцијација реши да ја прекине соработката со селекторот Стивен Кени, откако овој стратег бележеше разочарувачки резултати со островската селекција.

Ирците имаа две победи (против Гибралтар) и шест порази во овој квалификациски циклус, го освоија претпоследното место во групата, па јасно е зошто челниците на федерацијата експресно донесоа одлука да не му понудат нов договор на Кени. Oвој стратег седеше на клупата на репрезентацијата од април 2020 година кога го наследи Мик МекКарти, но не ги оправда очекувањата.

„Управниот Одбор едногласно одлучи дека сега е вистински момент за промена, пред пријателските натпревар во март и почетокот на новата кампања на Лигата на Нации. Му благодариме на Кени за се што стори за репрезентацијата и му посакуваме многу среќа во идните ангажмани“, се вели во соопштението.

Се вчитува...