Селекторот на Јужна Кореја Пауло Бенто во иднина нема да ја води селекцијата на Јужна Кореја. Неговиот мандат на клупата на оваа репрезентација заврши со вчерашниот пораз од Бразил со 4-1.
Португалецот е на кормилото на Јужна Кореја веќе четири години, откако во 2018 година ја презеде клупата, и со неговата селекција стигна до 1/8 финалето каде беше сопрен од пресилниот Бразил.
Пауло Бенто уште пред Мундијалот најави дека после Светското првенство заминува од клупата. За Бенто ова беше втор селекторски предизвик, откако во минатото од 2010 до 2014 година ја водеше Португалија. Пота беше тренер на Крузеиро, Олимпијакос, Чонгинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА