Уште една смена меѓу прволигашите: Горан Симов не е повеќе тренер на Македонија ЃП

Денеска втора тренерска смена во ПМФЛ. После оставката на Милан Илиевски од клупата на Работнички, ЕКИПА дознава дека и Македонија ЃП останува без тренер откако се разделила со Горан Симов.

Симов и „лавовите“ ја завршиле соработката после поразот денеска од Струга ТЛ на домашен терен со 0-3.

Тој дојде во текот на минатата сезона во март 2023 како замена за Муарем Бајрами, и со клубот успеа да го освои трофејот во Купот на Македонија. Неговиот договор истекуваше на крајот од оваа сезона, но ќе дојде до предвремен раскин на истиот.

Македонија ЃП не бележи добри резултати. Тимот е на 9. место со 11 бодови, колку што имаат Воска и Гостивар, кои се наоѓаат во опасната зона.

Се вчитува...