По смртта на Давиде Астори, фудбалерот на Фиорентина, уште една трагична вест денеска го потресе европскиот фудбал. Почина претседателот на Фудбалската федерација на Кипар, Костакис Кутсокумнис. По долга и исцрпувачка битка со канцерот, тој денеска ја загуби животната борба. Беше признато име и во европскиот фудбал, и цели 17 години на чело на Фудбалската федерација на Кипар, избран на седум последователни мандати без ниту еден противкандидат.
Костакис Кутсокумнис цели 24 години беше дел од раководството на кипарскиот фудбал. Во 1994 година беше избран за потпретседател на Федерацијата, а по заминувањето на тогашниот претседател Мариос Лефкаритис во структурите на УЕФА, застана на чело на кипарскиот фудбал во 2001 година. Во последните години, тој доби значајна улога и во УЕФА, а на 5. април 2017 година, на Конгресот во Хелсинки беше избран и во Извршниот комитет на ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА