Уште една смрт во светот на фудбалот поради Ковид-19

Коронавирусот зеде уште еден живот од светот на фудбалот откако беше објавено дека во текот на вчерашниот ден починал иранскиот стратег Ахмад Тарени.

Тој е искусен стручњак што водел бројни клубови ширум Иран, а во последните години беше на чело на три футсал-екипи во својата земја. Тој пред четири месеци бил опериран од тумор на мозокот, па поради намалениот имунитет неговиот организам не успеал да се избори со коронавирусот.

Претходно, младиот шпански тренер Франциско Гарсија почина на 21-годишна возраст. Тој беше болен од леукемија, со значително ослабен имунитет, не успевајќи да излезе како победник од најважната битка.

Се вчитува...