Уште една сочувана мрежа за Димитриевски во Ла Лига

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски забележа уште еден натпревар со сочувана мрежа во шпанското првенство откако во 16. коло неговиот Рајо Валекано ремизираше без голови во натпреварот против Селта Виго.

Рајо Валекано беше подобриот противник во најголемиот дел од натпреварот, но нападите не успеа да ги реализира со гол. А, пак Македонецот беше на врвот на својата задача на спротивната страна спречувајќи неколку изгледни шанси за гостите.

Ова е шестти натпревар во низа без победа за Рајо Валекано во Ла Лига со што тимот останува на средината на табелата со 20 поени. Селта Виго пак и понатаму е во опасната зона со 10 бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...