После одлуката за поништениот гол на Лајпциг против Реал Мадрид, кој донесе многу полемики, вечерва во Ајндховен уште една спорна одлука. ПСВ Ајндховен доби пенал, иако Хумелс прво ја допре топката, а се чини дека не го ни допре противничкиот играч.
Дефанзивецот на Борусија беше убеден дека ВАР ќе ја пренасочи одлуката, сепак, на крајот пеналот беше потврден, а Де Јонг успеа да израмни.
И после потврдата од ВАР, играчите на Борусија не можеа да веруваат што досуди судијата Срѓан Јовановиќ од Србија.
Веднаш реагираше и судијата од Германија, Мануел Графе, кој на “Твитер“ напиша дека нема пенал.
Спорната ситуација погледнете ја на следниот ЛИНК.
#UCL #PSVBVB Elfer??😳😳😳
Hummels spielt klar den Ball zuerst, rutscht auch nicht unkontrolliert danach rein- normaler Kontakt nach dem Ballspielen. Eine Farce… und noch dazu auf CL-League Niveau… #VAR was..?🙈 pic.twitter.com/lJ8qHFIRIQ— Manuel Gräfe (@graefe_manuel) February 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА