Уште една трагедија во кошарката: Почина израелскиот тренер Лиор Лубин

Поранешниот израелски кошаркар и тренер Лиор Лубин, почина на 47-годишна возраст. Лубин речиси целата кариера ја мина во Израел, играјќи за Макаби Петах Тиква, потоа во Ирони, па во најпознатиот клуб Макаби Тел Авив, а потоа играше и за Азовмаж, Аполон и ЦСКА Софија.

Како тренер ги водеше Хапоел Гилбоа, Макаби Ашдод, а беше и асистент во селекцијата на Израел. Ги водеше и Макаби Тел Авив и Панатинаикос.

Лубин ја загуби битката со канцерот. Ова е нова трагедија во светот на кошарката, откако пред неколку дена неочекувано почина српскиот тренер Дејан Милојевиќ како последица од срцев удар.

Се вчитува...