Мајнц се одлучи да го смени тренерот Бо Хенриксен откако тимот има слаба сезона, и тимот е на последното место на табелата со само една победа од 12 меча, а тимот исто така не е повеќе во игра ниту во Купот на Германија.
Хенриксен го презеде тимот на Мајнц во февруари 2024 година, додека беше во зоната за испаѓање, и усепа да го опстане. Минатата сезона имаше импресивни бројки, тимот го освои шестото место и обезбеди пласман во Лигата на Конференции.
Мајнц исто така објави дека тренерот на младинската екипа Бенџамин Хофман ќе биде на кормилото.
Претходно во Германија тренери сменија Аугзбург, Баер Леверкузен, Борусија Менхенгладбах и Волфсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

