Управата на Брера Струмица спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Бојан Круљ од Србија. Одлуката од двете страни е донесена откако првиот тим не ги даде очекуваните резултати на стартот од првенството и истите не се вклопуваат во амбициите и стратегијата на клубот за ова сезона.
Круљ со Брера оствари само една победа, против Вардар во првото коло, и претрпе порази од Силекс, Шкендија и Струга. Со него заминуваат и помошниците Душан Дошљак и Милош Поповиќ.
„Сакам да му се заблагодарам на Бојан Круљ со неговите помошници за посветената работа во изминатиот период. Одлуката е заедничка, во интерес на клубот за наредниот период. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Ни следува репрезентативна пауза која ќе ја искористиме за максимална подготовка на првиот тим за следните мечеви од оваа сезона,, соопшти генералнниот директор на Брера, Ване Стојанов.
Бојан Круљ во Брера дојде лани во декември за вториот дел од првенствената сезона, кога го замени италијанецот Џовани Валенти. Под негова палка Брера во последната сезона го осигурa опстанокот во Првата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА