Уште една турска фудбалска легенда позитивна на коронавирус

Неколку дена откако беше обелоденето дека Фатих Терим е позитивен на ковид-19, уште една турска фудбалска легенда е инфицирана од вирусот што сее страв ширум светот. Станува збор за Рушту Речбер, легендарниот голман кој има најмногу настапи во историјата на турската репрезентација (120), кој вчера беше примен во една од клиниките во Истанбул.

„Би сакала да соопштам подобри вести, но во моментов најважно е да се говори вистината. Со жалење морам да кажам дека мојот сопрух е хоспитализиран откако беше позитивен на ковид-19. Се беше нормално, а потоа симптомите набрзо се развија.Сите сме во шок, најлошиот дел е што е во болница и не сме во можност да го видиме. Господ е голем, а тој е во рацете на турските доктори. Беа извршени тестови и врз мене и врз децата, но тие беа негативни“, напиша сопругата на Рушту, Исил, на нејзиниот профил на инстаграм.

Коронавирусот се позабрзано се шири и низ Турција, досега во оваа земја има околу 7.500 заразени од ковид-19, при што над 100 лица го загубија животот. Фудбалската лига во Турција беше една од последните што беа прекинати во Европа, играјќи се до 18 март.

Се вчитува...