Ракометарите на Охрид со убедлив триумф над Баку и во реваншот, се пласираа во 1/16 финалето на Европскиот куп. После триумфот од неверојатни 44-11 на првиот меч, на реваншот охриѓани славеа со 38-21 и така се пласираа во третото коло од ЕХФ Купот.
Публиката во Охрид можеше да види некои нови лица, со оглед дека тренерот на Охрид одмораше неколку ракометари. Но, и со овие играчи Охрид беше пресилен за противникот.
Победникот беше решен уште во првиот дел кога Охрид води со 23-9, додека во вториот дел се продолжи во ист стил, за конечна победа.
Савревски постигна девет гола, додека седум пати погоди Кукуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

