Уште една ВАР лакрдија: Поништен чист гол на Олимпијакос… (ВИДЕО)

Вулверхемптон во моментов го игра реванш-дуелот од осминафиналето во Лигата на Европа против Олимпијакос. На првиот меч во Атина беше 1-1, а Вулверхемптон сега уште во 9. минута поведе со 1-0 со голот од пенал на Раул Хименез.

Но, 20 минути подоцна грчкиот тим израмни на 1-1 преку Камара. Играчите на Олимпијакос веќе го славеа погодокот, кога стигна за нив шокантна информација од ВАР собата. Голот на гостите беше поништен поради офсајд, иако никој не верува дека играчот на грчкиот тим беше во офсајд. Уште една лакрдија од ВАР системот…

Се вчитува...